Stručnost | počinje s kvalifikacijama


Домагој Иван Милошевиќ

Домагој Иван Милошевиќ

Меѓународен совет (IC)

Роден е во Загреб во 1970. година.
Дипломирал на Медицинскиот факултет во Загреб, а МБА го завршил во 2006 година на Бледската школа за менаџмент IEDC.
Поранешниот студент на американскиот Стејт департмент и на школата Кенеди во Харвард 2013. година, тој бил вклучен во претприемништвото од 1989. до 2010. година кога влегол во политиката.

Во претприемништвото посебно се издвојува по преземањето и реструктуирањето на фабриката за апаратите ѕа гаснење пожар Пастор, врз основа на што ја гради Групацијата Пастор – компанија како најголем регионален добавувач на производи и услуги во пожарникарството (2000.-2010.).
Во својата богата претприемачка кариера се занимавал со развој на големи градежни проекти во Загреб со над 100.000 м2 простор изграден за различни намени.
Основач е на Хрватското здружение на извозници, а бил и претседател на Надзорниот одбор на Хрватското здружение на работодавачи.
Од 2008. до 2010. година бил член на Економскиот совет на Владата на Република Хрватска.
Од 2005. година тој е горд член на Организацијата на млади претседатели (Young Presidents Organization или YPO) и основач на Јадранското поглавје на YPO.
Од 2020. година е член на CEOs.

Политичката кариера ја започнал на крајот на 2010. година, доаѓајќи во Владата на Република Хрватска како вицепремиер за инвестиции. Од 2021. година тој е претставник на политичката партија ХДЗ во Хрватското собрание и претседател на Комисијата за економија, а во периодот од 2016.-2020. година и на Комисијата за европски прашања.
Во првата половина на 2020 година, за време на хрватското претседателство со ЕУ, тој  претседава со COSAC.
Во 2012. година се кандидираше за претседател на ХДЗ, во 2016 година накратко ја извршуваше функцијата генерален секретар на ХДЗ.
Во 2018. година е избран за претседател на Здружението на претприемачи и занаетчии на ХДЗ и за потпретседател на МСП Европа-
заедницата на средни и мали претприемачи на Европската народна партија (EPP), а на крајот на 2019. година претседател на SME Global, Здружението на средни и мали претприемачи на Меѓународната демократска унија (IDU).